Кошарка

Војводина убедлива против Работнички во АБА 2 лигата

Војводина убедлива против Работнички во АБА 2 лигата

Кошаркарскиот клуб на Работнички го доживеа и вториот убедлив пораз во рамки на АБА2-лигата откако вечерва загуби на гостувањето кај Војводина со 93-62 во рамки на 2.рунда.

.По двете четвртини резултатот беше 47-38. „Центарци“ беа со скратена ротација, бидејќи на гостувањето во Нови Сад заминаа со десет играчи, па заморот си го направи своето во вториот дел и беа убедливо совладани.

Виктор Ефремовски со 17 и Стојан Ѓуроски со 15 најмногу се истакнаа во таборот на Работнички, додека кај Војводина најдобар беше Џордан Дингл со 15 поени.

To top