Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски утре го очекува натпревар против Азербејџан во Баку, а тоа треба да биде негов 90.ти натпревар во репрезентативниот дрес. Со тоа ќе стане дел од македонската кошаркарска историја како прв кошаркар со 90 официјални натпревари.
Според статистиката на Светската кошаркарска федерација настапот во петокот против Луксембург бил негов 89.ти, со што се изедначи со бројот на настапи на Тодор Гечевски. Сепак во таа статистика не се бројат двата натпревара од ЕП во Полска 2009 година, кога беше во составот на дуелите со Русија и Германија, но поради повреда не влезе во игра.
Капитенот има настапи на Европските првенства 2009, 2011, 2013 и 2015 година. Во овој момент Војдан Стојановски е четврти стрелец со 881 поен, а веќе утре може да го мине Тодор Гечевски, кој има постигнато 891 поен. На листата на стрелци пред него сè уште Врбица Стефанов со 947 поени, како и Петар Наумоски, кој е лидер со 1.040 поени. (МИА)