Кошарката во минатото немаше линија за три поени, првпат беше воведена во НБА лигата во сезоната 79/80, а беше на растојание од 6,75 метри од кошот.
Потоа тројката пристигна и во Европа, во 1984 година за првпат ја видовме во Сеул на Олимписките игри.
Денес во НБА линијата за три поени е поместена на 7,24 метри, додека во Европа е поместена од 6,25 на 6,75 метри.
Е сега Филипинците дојдоа на идеја да воведат „четворка“, односно шут што ќе вреди четири поени.
Овој експеримент ќе биде испробан на Купот на гувернерот, како што потврди Рики Варгас, генерален директор на Филипинската кошаркарска асоцијација.Линијата за четири поени ќе биде на 8,23 метри оддалечена од кошот.