Поранешните НБА ѕвезди, Винс Картер и Чонси Билапс, официјално се примени во „Куќата на славните“ на најсилната кошаркарска лига во светот.
Церемонијата се одржа во американскиот град Спрингфилд, а заедно со нив, во одбраното друштво влегоа уште единаесет други кошаркари.
Винс Картер беше осумкратен учесник на Ол-Стар натпреварот и одигра 22 сезони во НБА лигата, а во кариерата играше за Торонто, Бруклин, Далас, Атланта, Њу Орлеанс, Орландо, Сакраменто и Феникс. Има одличен учинок и постигна вкупно 25.728 поени.
Меѓу останатите примени во „Куќата на славните“, имаше место и за неодамна починатиот Џери Вест, кој доби постхумни почести од организаторите.