Кошарка

Виктор Вембањама се повреди

Виктор Вембањама се повреди

Сан Антонио Спарс најмалку две недели ќе играат без својот најдобар кошаркар Виктор Вембањама, кој заработи повреда на листот на левата нога.

Французинот го пропушти дуелот против Сакраменто, кој Спарси го добија со 123-110.

Американските медиуми пренесуваат дека клубот ќе биде максимално внимателен со неговата состојба. Тренерот Мич Џонсон прокоментира:

„Не сакаме да ризикуваме бидејќи во последно време низ лигата видовме дека повредите на листот не смеат да се сфаќаат олесно и затоа нема да форсираме ништо“.

Вембањама сезонава бележи просек од 26,2 поени, 12,9 скокови, 4 асистенции и 3,6 блокади по натпревар.

Минатата сезона високиот Французин одигра само 46 средби поради проблеми со венска тромбоза во десното рамо.

To top