Кошарка 24-годишен стручњак

Виктор Петровски прогласен за тренер на неделата во ВАБА 2 лигата

Македонскиот вицешампион е лидер на табелата со максимални четири бода, а специјално признание доби и шефот на стручниот штаб на овој тим Виктор Петровски.

Виктор Петровски прогласен за тренер на неделата во ВАБА 2 лигата

Кошаркарскиот клуб Крива Паланка имаше фантастичен деби-викенд­ во ВАБА 2 лигата во кој беше домаќин на еден од турнирите и оствари две убедливи победи.

Имено, по првите две кола, македонскиот вицешампион е лидер на табелата со максимални четири бода, а специјално признание доби и шефот на стручниот штаб на овој тим Виктор Петровски.

Благодарение на прикажаното на неговата екипа, селекторот на женската јуниорска репрезентација на Македонија е прогласен и за тренер на неделата во ВАБА 2 лигата што е уште една потврда за талентот и квалитетот што ги поседува 24-годишниот стручњак.

Покрај него, забележителен успех оствари американската интернационалка во редовите на Крива Паланка, Алексис Пул која забележа рекорден индекс (42) во ВАБА 2 лигата и тоа на дуелот против Бановиќи во второто коло.

Досегашниот рекорд го држеа Најла Јанг и Ела Модриќ со 36, а како резултат на фантастичниот перформанс, Пул доби место во идеалната петорка на турнирот.

To top