Американскиот кошаркар Виктор Оладипо предизвика потрес во светот на кошарката откако на социјалните мрежи се појави видео како тој тренира во домот на евролигашот Баерн Минхен.
Видео снимката предизвика гласини за негово можно заминување од НБА лигата и преселба во Европа, но до истото бар засега нема да дојде.
Оладипо овие денови присуствува во германскиот град каде е под опсервација на познатиот доктор Ханс-Вилхелм Милер-Волфахрт кој се грижи за неговата рехабилитација на повредата на левото колено која го оддалечи од теренот од месец април.
Триесетиедногодишникот кој во кариерата броеше настапи за Орландо, Оклахома, Индијана, Хјустон и Мајами.
foto:nba.com