Кошарка

Вембањама подготвен за враќање по повредата на листот

Вембањама подготвен за враќање по повредата на листот

Добри вести за НБА-фановите и приврзаниците на Сан Антонио Спарс.

Повредениот Виктор Вембањама ќе се врати на теренот по повредата.

Тој поради повреда на листот на левата нога пропушти единаесет натпревари.

Неговата имаше одличен почеток на сезоната и добро „се држи“ со првакот Оклахома Сити.

Последните денови францускиот репрезентативец тренираше заедно се екипата и негово враќање во ростерот се очекува во четврток навечер за дуелот против Лос Анџелес Лејкерс. Французинот, пред да се повреди, имаше просек од 26.2 поени по натпревар, со 12.9 скокови, 4 асистенции и 3.6 блокади.

Ланската сезона поради повреда Вембањама „запиша“ само 46 натпревари.

To top