Германскиот евролигаш Баерн Минхен неочекувано е принуден да бара нов тренер откако го раскина договорот со Пабло Ласо на барање на шпанскиот стручњак и покрај тоа што двете страни имаа договорена соработка и за сезоната 2024/25.
Само неколку часа откако се огласи германскиот тим, грчките медуми пласираа и информација за неговата замена.
Тоа се очекува да биде легендарниот грчки кошаркар кој неодамна заплива и во тренерските води, Василис Спанулис со кој се водат активни преговори.