Грчкиот кошаркарски тренер Василис Спанулис ја напушти клупата на актуелниот европски вицешампион Монако, откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот за соработка.
Спанулис седна на клупата на Монако во ноември минатата година и го однесе клубот во финалето на Евролигата, во кое загуба од Фенербахче.
Оваа сезона, Монако повторно имаше добар почеток во Евролигата, но по серијата од 15 победи и седум порази во воведните 22 кола, уследи серија од седум порази на осум натпревари.
Во француското првенство, Спанулис го остави Монако на врвот на табелата со сооднос од 18-2 во победи и порази.