Големата кошарарска икона Василис Спанулис, официјално е нов тренер на евролигашот Монако и ќе го замени досегашниот предводник на тимот, Саша Обрадовиќ.
Управата на Монако се реши на тренерска смена и го покани Гркот во своите редови, а тој ја прифати понудата и потпиша договор со важност до следната година.
Спанулис ја заврши богатата кариера пред три години и работеше како тренер на Перистери каде оствари добри резултати и се наметна за селеторската позиција во неговиот национален тим.
Монако во моментов има шест победи и четири порази, а минатата година за првпат играше и на завршниот турнир во Евролигата.