Српскиот плејмејкер и кошаркар Василје Мициќ планира шокантно враќање во кошаркарската Евролига.
Како што стојат работите, неговата следна дестинација би требало да биде Шпанија. За услугите на двократниот МВП на „фајнал-фор“ турнирот се заинтересирани Барселона и Реал Мадрид, но неговата плата е голем проблем.
Досега одигра 31 натпревар во дресот на Шарлот, на кои забележал просечни 13,8 поени.