Кошаркарот на Партизан, Дилан Осетковски ќе може да се врати на кошаркарските терени откако судот во Мадрид ја укина претходно изречената суспензија на германскиот кошаркар.
Според менаџерот на играчот, Мишко Ражнатовиќ, тоа значи дека Осетковски ќе може да настапи за КК Партизан веќе од 19 февруари, иако нема да игра на Купот на Србија, туку ќе се врати за евролигашкиот дуел против Фенербахче на 25 февруари.
Претходно, играчот беше суспендиран поради користење на марихуана во 2023 година, но со новата одлука Партизан нема потреба да бара ново засилување на позицијата четири