Кошарка

Уапсена е НБА ѕвезда поради возење под дејство на алкохол

Уапсена е НБА ѕвезда поради возење под дејство на алкохол

Кошаркарот на Финикс Санс, Дилон Брукс, бил приведен во Скотсдејл под сомнение дека управувал возило под дејство на алкохол, објави „ТМЗ Спорт“.

Според полициските информации, Брукс бил уапсен околу два часот по полноќ, но во притвор се задржал кратко и бил ослободен по околу час и половина.

За време на постапката, како што наведуваат извори, крилниот кошаркар бил коректен и целосно соработувал со полицијата, поради што и брзо бил пуштен на слобода.

Во моментов Брукс не настапува за Финикс, бидејќи веќе неколку недели се опоравува од повреда на раката.

Инаку, оваа сезона е најуспешна во неговата кариера. Брукс во просек бележи 20,9 поени, 3,7 скока и 1,8 асистенции по натпревар.

Пред да пристигне во Финикс, настапуваше и за екипите на Мемфис и Хјустон.

To top