Играчот на Мемфис гризлис, Брендон Кларк, е уапсен во американската држава Арканзас под обвинение за брзо возење и поседување забранета супстанција.
Полицијата го уапси во средата попладне, под обвинение за брзо возење и обид за бегство, како и за наводно поседување недозволена супстанција.
Тренерот на Мемфис, Томас Исало, кратко изјави дека е запознаен со случајот, но не даде коментар.
Брендон Кларк одигра само два натпревари оваа сезона поради проблемите со повредите, а од Мемфис на 24 март објавија дека нивниот кошаркар ќе отсуствува до крајот на сезоната, но дека очекуваат да биде подготвен за следната сезона.