Кошарка

Турција и Финска нови патници во осминафиналето на ЕП

Турција и Финска нови патници во осминафиналето на ЕП

Европското првенство во кошарка вечерва доби уште два патници во нокаут фазата, откако Турција и Финска обезбедија пласман во осминафиналето по нови убедливи победи.

Алперен Сенгун повторно блескаше и ја предводеше Турција до сигурна победа над Португалија (95-54).

Избраниците на Ергин Атаман уште во првото полувреме создадоа недостижна предност од 24 поени, а Фуркан Коркмаз и Онуралп Битим донесоа дополнителна енергија од клупата.

Турција со ова стигна до 3-0, првпат по 2009 година, и најави амбиции за голем поход. Португалија остана на биланс 1-2, и покрај 15-те поени на Немиас Квета.

Во Тампере, пред 12.900 навивачи, Финска ја совлада Црна Гора со 85-65 и ја осигура својата следна фаза. Лаури Марканен постигна 26 поени и 13 скока, а клучната серија 12-1 во втората четвртина ја скрши рамнотежата која Црногорците се обидуваа да ја одржуваат уште од стартот.

 

 

To top