Кошарка ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2029

Триумф на македонските кошаркари против Азербејџан: Јакимовски и Стојановски со „дабл-дабл“ ефект

Андреј Јакимовски само покажа колку ѝ фалеше на оваа репрезентација претходните три години.

Триумф на македонските кошаркари против Азербејџан: Јакимовски и Стојановски со „дабл-дабл“ ефект

Македонската кошаркарска репрезентација со убедлива победа 87:49 остварена вечерва против Азербејџан ги стартуваше претквалификациите за Евробаскет 2029. Резултат по четвртини: 22:13; 18:8; 23:16 и 24:12.

Со овој триумф македонскиот национален тим ја потврди фаворитската улога во групата. Избраниците на селекторот Марјан Илиевски од самиот почеток диктираа темпо, а со тоа имаа и контрола над резултатот. Предводени од капитенот Војдан Стојановски и Андреј Јакимовски, нашиот национален тим првата двоцифрена предност ја оствари на почетокот на вториот период (25:15), а на полувреме беше 40:21. Во 26.минута македонските кошаркари стигнаа до +20 (52:32), а предноста постојано се зголемуваше независно која петорка беше на теренот. Во финишот разликата ја мина границата и од 30 поени за конечни 87:49.

Во македонскиот дрес дебитираше и Омари Мур (6 поени). Стојановски (16 поени – 11 скокови) и Јакимовски (25 поени и 11 скокови) завршија со „дабл-дабл“ ефект.

Во тек е вториот дуел од групата меѓу Луксембург и Република Ирска.

Следниот натпревар македонските кошаркари го играат во недела во Даблин против Република Ирска.

Posted by Кошаркарска Федерација на Македонија on Четврток, 27 ноември 2025

Теми на денот

To top