Како што пренесува „Супер баскет“, Олимпија Милано е заинтересирана за услугите на грчкиот плејмејкер Ник Калатес, кој моментално настапува за Фенербахче од Истанбул.
Во Ломбардија се подготвени да се откажат од Кевин Пенгос, плејмејкер од чии настапи во клубот не се задоволни. Во почетокот Армани сакаше да го испрати Пенгос во Валенсија, но тој трансфер не беше успешен.
Пенгос играше за Жалгирис од 2016 до 2018 година и како што тврди „Супер баскет“, тој би можел да се врати во Каунас.
Сепак, за да биде реализиран трејдот на трите клуба, нешто треба да добие и Фенербахче. Турскиот тим го сака најдобриот играч на Жалгирис, Кинан Еванс.