Кошарка Шведска ја покажа силата

Tрет пораз за Македонија на јуниорското ЕП

Tрет пораз за Македонија на јуниорското ЕП

Јуниорската селекција на Македонија го запиша и третиот пораз на Европското првенство во Дивизијата „Б“ за кошаркарки до 18 години.

Во третото коло од групата А загубивме од Шведска, по што нашата јуниорска репрезентација и теоретски ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата од шампионатот во Литванија.

Одигравме добро на стартот од мечот, но потоа Швеѓанките ја преземаа контролата на теренот и до крајот на првото полувреме веќе имаа недостижна разлика од 24 поени (39-15).

Второто полувреме претставуваше чиста рутина за Шведска, која само го завери триумфот и сега има три бода на третата позиција на табелата. Во нашиот состав најдобра беше Ања Начевска, која постигна 17 поени, а имаше и уште единаесет скокови, со што забележа „дабл-дабл“ ефект.

Следуваат два дена одмор, а во среда нашите девојки ќе го одиграат дуелот против репрезентацијата на Ирска.

To top