Најдобрата црногорска екипа и една од најквалитетните во АБА лигата, Будуќност успеа во своите редови да го доведе искусниот плејмејкер, Јоги Ферел.
Ферел изминатиов период се поврзуваше со преселба во Партизан и имаше информации дека се е спремно да потпише договор со нив, меѓутоа ова сценарио не се реализираше, но Американецот сепак дојде на Балканот и тоа во Подгорица.
Јоги има 30 години, игра големо искуство со играње во НБА лигата за клубови како Бруклин, Далас, Сакраменто, Кливленд, Клиперс за да потоа се пресели во Европа од каде преку Панатинаикос и Цедевита Олимпија замина за Кина каде имашше кратка епизода во Шангај Шаркс пред одново да дојде на овие простори.