Кошарка

ТРАГИЧНА ВЕСТ: Загина поранешен кошаркар на Фенербахче

ТРАГИЧНА ВЕСТ: Загина поранешен кошаркар на Фенербахче

Поранешниот кошаркар на Фенербахче Илкан Караман го загуби својот живот, потврди денеска гигантот од Истанбул.

Во соопштението се наведува дека Караман загинал во сообраќајна несреќа која се случила во Датчи. Несреќата наводно се случила така што возач под дејство на алкохол го удрил Караман додека тој стоел на тротоарот.

Караман кој ги чека пријателите починал на лице место, а против возачот е отворена истрага.

Екс-кошаркарот на Фенербахче имаше 34 години и во текот на кариерата настапуваше уште за: Тофаш, Каршјака, Бешикташ и Маниса. Зад забележа и неколку настапи во турската репрезентација.

To top