Во последниот натпревар од петтото коло од Првата „МТЕЛ“ македонска лига, кошаркарите на Тиквеш Голден Игл беа подобри од Феникс 2010. Ова е втор триумф за кавадаречкиот состав во почетната фаза на шампионатот.
Мајкл Грин во редовите на Тиквеш Голден Игл запиша 25 поени и седум асистенции, младиот Златев реализираше 21 поен, а имаше и девет скокови. Глигоријевиќ постигна 17 поени, а Квери и Младеновиќ по 10, со дополнување дека искусниот бек имаше и 10 асистенции до соиграчите.
Кај Феникс 2010, Митревски дојде до 23 поени и четири асистенции, Марфи забележа 14 поени и девет скокови, Тимоти и Персон дадоа по 13 поени, а Мајлс дополни со 12 поени и пет асистенции.
Ова беше втора победа за кавадаречкиот прволигаш во пет одиграни мечеви, Феникс 2010 останува на само една, и останува во долниот дел на табелата во првенството.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
Резултати, петто коло
Тиквеш Голден Игл – Феникс 2010 97:84
Пелистер – Кожув 85:79
МКК Куманово – Гостивар 71:62
Вардар – Работнички 71:79
ТФТ – Шкупи 82:73
Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром 95:94
ТАБЕЛА: ТФТ 10 бодови, Чаир 2030 9, Работнички 9, Пелистер 9, МЗТ Скопје Аеродром 8, Кожув 7, Гостивар 7, Тиквеш Голден Игл 7, МКК Куманово 7, Феникс 2010 6, Шкупи 6, Вардар 5.
ИДНО КОЛО (09.11)
Работнички – ТФТ
МЗТ Скопје Аеродорм – Гостивар
Шкупи – Тиквеш Голден Игл
Феникс 2010 – Пелистер
Чаир 2030 – Вардар
Кожув – МКК Куманово