Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс е најкорисен играч на 30. коло во Евролигата.
Париз ја совлада Олимпија Милано со 92-79 во исклучително важен натпревар за конечниот пласман, а македонскиот репрезентативец се истакна со 24 поени, 10 асистенции и шест скока за импресивен корисен индекс 37.
Ова е трета МВП награда во Евролигата за одличниот плејмејкер оваа сезона. Шортс е најзаслужниот што дебитантот од Париз е во плеј-оф зоната со учинок од 17 победи и 13 порази.