Македонскиот кошаркарски репрезентативец и член на кошаркарскиот клуб Парис, Ти-Џеј Шортс, официјално е избран за МВП на Еврокупот за оваа сезона.
Плејмејкерот одигра навистина одлична етапа во францускиот тим и го предводеше до финалната серија од плеј-офот, каде Парис ќе се сретне со екипата на Бурж.
Шортс доби најмногу гласови од играчите, тренерите и капитените на тимовите, како и од фановите и спортските новинари.
Американецот беше вистински лидер на својот тим и сезонава забележа просек од 20,7 поени, 4,3 асистенции, 2,2 скока и 2 украдени топки по натпревар.