Во домашниот шампионат кошаркарите на ТФТ сега имаат „пет од пет“ по денешниот триумф над Шкупи од 82:73.
Домаќините одиграа две добри четвртини, втората и третата (26:18, 30:15) што беше доволно за да се добие „соседот“ Шкупи кој тренира и игра во СРЦ „Кале“.
Сапунџиев со 13 поени беше лидер кај победникот за кого двоцифрени беа уште Николов и Зафиров. Арчи пак со 21 поен и 9 скока беше најистакнат поединец кај поразените.
Вардар пак му пружи силен отпор на Работнички, но на крајот сепак мораше да му честита триумф на фаворитот. Избраниците на Самарџиев славеа со 79:71, па сега имаат учинок од 4-1 во Првата лига.
Ѓуроски уфрли 20 поени (пет скока и две асистенции), Полутак пак имаше 17.поени и 7 скока, додека новакот Дубински го заврши натпреварот со 16.поени, 7 успешни додавања и 2 скока.
Марјановиќ пак со 16 беше прв поентер кај Вардар.