Кошарка

ТФТ со пресврт го победи Златибор и израмни во плејоф серијата

ТФТ со пресврт го победи Златибор и израмни во плејоф серијата

Кошаркарите на ТФТ славеа со 87-79 против Златибор во вториот меч од плејофот во АБА2-лигата, иако во текот на натпреварот имаа негатива од 18 поени.

Гостите доминираа во првото полувреме и водеа со 49-33, но ТФТ во вториот дел заигра значително подобро, ја анулира разликата и направи пресврт.

Во последната четвртина, македонскиот тим ја презеде контролата и со одлична серија стигна до заслужена победа.

 

To top