ТФТ успеа да го победи тимот на Цедевита Јуниор (78:68) и го оствари првиот триумф во новата сезона на регионалната АБА2 кошаркарска лига.
Турнирот во Златибор донесе интересен последен дуел на денешната програма, а на него ТФТ и Цедевита Ј. отидоа на полувреме со израмнет резултат, а на сличен начин го започнаа и последниот период.
Во него македонскиот претставник беше поснаодлив и на крајот заслужено ги освои бодовите против денешниот ривал.
Симонс со 19 и Ташовски со 13 поени беа најефикасни во скопскиот тим, додека Карачиќ и Коси со по 16 поени се истакнаа во тимот на Цедевита.
По денешниот трет дуел, ТФТ има ист ефект како МЗТ (1 победа, 2 пораза)
foto: ABA League/ Dragana Stjepanovic