Екипата на ТФТ организира меморијален турнир во чест на прерано починатиот фан и пријател Андреј Грковски – Тафта.
Клубот информираше дека намера и желба е истиот да стана традиционален, а на првото издание освен ТФТ ќе учествуваат двете најтрофејни македонски клубови МЗТ Скопје и Работнички, плус Кожув од Гевгелија. Средбите ќе се играат во СРЦ Кале и тоа на 6 и 7 септември.
Официјалниот ждреб за турнирот ќе се оддржи утре во 20 часот, картите за натпреварите ќе бидат по 100 денари.
Термините за одигрување на натпреварите се :
Петок 06.09.
Полуфинале 1 18:00 ч.
Полуфинале 2 20:30 ч.
Сабота 07.09.
Натпревар за 3то место 16:30 ч.
Финале 19:00 ч.