ТФТ не се предаде, го совлада МЗТ Скопје после голема драма со 63-58 и намали на 2-1 во плеј-оф финалето.
Тимот од Тафталиџе сосема заслужено се радуваше ако се земе во предвид на водството од 20 поени во втората четвртина, и кам-бекот во последниот период.
Избраниците на Боро Смилковски успеаја да ја прекинат серијата на МЗТ Скопје до титула без пораз во последните две години, но и да испишат историја, прва победа во финале.
Браун со 20 поени беше прв стрелец, зад него беше Ташовски кој во решавачките моменти постигна важни поени, на крајот броеше до 17. Кај МЗТ Скопје, Едвин имаше 19 поени, Маслинко 12.