Со одигрувањето на денешните натпревари од 22.коло комплетиран е првиот дел од кошаркарската супер лига.
По него познати се екишите што ќе разигруваат за титулата и оние што ќе се борат за опстанок.
ТФТ останува прв и покрај убедливиот пораз во Кавадарци од Тиквеш тик кој како шесто рангиран се пласира во плеј-оф сегментот.
Ова на сметка на Чаир кој со голем пресврт го победи шампионат МЗТ Скопје, но чаирчани завршија како седми и ќе се борат за опстанок.
Гевгеличани имаа 18 поени негатива, славеа над Пелистер и завршија петти. Маџари очекувано славеше во дуелот со фенерџијата Ангели за четврта стартна позиција во разигрувањето во ТОП-6.
Тимот на Работнички со победата над Куманово, го „повлече“ кумановскиот состав со себе во борбата за опстанок. Таму ќе бидат и екипите на Гостивар и Феникс кои играа меѓусебно, а дуелот заврши со победа на гостиварци.
Сега следува поделба на екипите на два сегменти, во кои ќе бидат одиграни уште по пет кола така-наречено „Оролоџо“. По нив, оние од горниот дел (ТОП-6), ќе играта во плеј-офот за титулата. Првите четири ќе играат полуфинале, подобар од три, а финалето подобар од пет, додека петто и шесто пласираните го завршуваат шампионатот.
Во плеј-аут конкуренцијата битка ќе се води за се избегнат последните три места. Ако она на дното е „резервирано“ за Ангели за другите две не очекува интересна борба.