Три од четирите денешни натпревари од 8.коло во кошаркарска Супер лига, завршија со победа на домашните екипи.
ТФТ, Кожув и Чаир го одбранија домашниот терен, а тоа не му успеа само на Работнички кој загуби од Феникс.
Во дербито на колото екипата на ТФТ славеше лесно и убедливо против МКК Куманово.
Екипата од Тафталиџе победата ја најави уште во првото полувреме кога натпревари 17 предност. Имаа и најголеми +20 домаќините, но на крајот ТФТ победи со 16 разлика.
Многу поубедлив беше Кожув на дуелот во Гевгелија каде гостуваше составот на Ангели. Гевгеличани славеа со дури 30 поени разлика и ја остварија петата победа со која се израмнија со Куманово.
Кошаркарите на Чаир кој сезоната ја почнаа шест врзани порази, сега се израдуваа на втората последователна победа. Чаирчани во неизвесен натпревар го совладаа тимот на Маџари, за кого денешниот е петти пораз.
Колото ќе биде комплетирано утре со двата натпревари што ќе се играат во Кавадарци и Гостивар.