Во натпревар од 6.коло ТФТ по продолжение ја совлада екипата на Слобода Дита Тузла со 96-91.
Македонскиот тим одигра одлично прво полувреме. На паузата ТФТ имаше двоцифрена предност (53-43), но гостите се вратија во третиот период и ја направија завршницата неизвесна.
Во последните минути од регуларниот дел ТФТ имаше мала предност, но со серија грешки на двата тима резултатот се израмни на 81-81, па мечот мораше да се решава во дополнителни пет минути.
Во продолжението скопјани успеаја да се одлепат. Слобода не успеа да одговори со ист интензитет и дозволи нови поени во својот кош, што значеше дека ТФТ го направи финалниот исчекор кон победата.
Најдобар стрелец кај македонскиот претставник беше Џастин Гордон со 20 поени, а по 18 постигнаа Дејвис и Виктор Ташовски.
За Слобода најрасположен беше искусниот Владимир Томашевиќ со 26 поени. Со оваа победа ТФТ ја зацврсти својата позиција во лигата