Кошаркарите на ТФТ по голема драма славеа во Куманово со 83-76 и така се вратија на победничките патеки по поразот од МЗТ Скопје минатиот викенд.
Дуелот во Куманово понуди вистинска неизвесност од првата до последната минута, со постојани промени на водството. Гостите од Тафталиџе подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 22-18, но играта остана израмнета и во продолжение.
Во вториот период ниту една екипа не успеа да се одлепи резултатски, па ТФТ на пауза замина со минимална предност од 38-37. По одморот, домаќините заиграа поагресивно и го свртеа текот на натпреварот, добивајќи ја третата четвртина и влегувајќи во завршницата со водство од 54-50.
Финишот донесе дополнителна драма, Куманово во еден момент имаше и плус пет, но ТФТ не се предаде и успеа да израмни на 69-69, носејќи го мечот во продолжение.
Во дополнителните пет минути, гостите покажаа повеќе свежина и концентрација, додека домашниот состав како да остана без сила.
Тоа беше доволно ТФТ да направи пресврт и да запише значајна победа во борбата за титулата со МЗТ.
Дејвис постигна 29 поени со 6 скока и 3 асистенции и беше убедливо најдобриот поединец кај ТФТ. Кај Куманово Радукиќ заврши со 25 поени и 11 скока.