Екипите на ТФТ и Чаир 2030 забележаа победи на мечевите, односно Феникс 2010 во Првата лига.
Клубот од Тафталиџе ги остави зад себе негативните резултати со Пелистер и МКК Куманови и го доби гостиварци со 77:71.
Првото полувреме кое домаќините го реализираа со 46:37 се покажа како пресудно за славјето на избраниците на Смилковски.
Говенс со 16 поени беше прв стрелец, Митевски за поразените уфрли 17 кошеви.
Чаир пак ја прекина серијата од четири порази и го совлада Феникс со 85:82. Беше неизвесно до самиот крај, средбата можеше да отиде и во продолжение, ама Тимоти не погоди за три поени во самата завршница.
Мофит со 32 коша беше лидер кај победникот, додека Бертранд даде 20 поени на спротивната страна.