Кошарка

ТФТ го победи Гостивар

ТФТ го победи Гостивар

Екипата на ТФТ ја впиша деветнаесеттата победа во Супер лигата, со која останува на врвот на табелата.

Во воведниот натпревар од 21 коло кошаркарите на ТФТ со страшен финиш го победија Гостивар со 87-82.

Интересен натпревар вечерва одиграа овие две екипи во салата „Лазар Лечиќ“ во скопски градски парк.

ТФТ беше подобар во првото полувреме со само три поени разлика 45-42. Гостите од Гостивар одиграа одлично во третиот кварта, но и на почетокот на четвртиот, кога имаа најголеми +11.

Беа гостиварци пред изненадување бидејќи во завршницата водеа со 75-82, но тука застанаа. Му дозволија на ТФТ во завршните три минути да уфрли 10 поени во низа, а тие ниту еден. Тројката на Зафиров при нерешен резултат стави крај на надежта на гостиварци. кои згрешија и во последниот напад.

Петмина домашни кошаркари имаа двоцифрен број на поени, а токму Зафиров со 18 беше прв стрелци. По 14 поени додадоа Ташовски и Дејвис, Гордон заврши со 12, а Говенс со 10 поени.

ТФТ постанува прв на табелата сега со три бода повеќе од МЗТ Скопје кој в недела ќе го игра вечното дерби со Работнички.

To top