Кошарка

Тежок пораз на младите кошаркарки на ЕП против Норвешка

Тежок пораз на младите кошаркарки на ЕП против Норвешка

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години претрпе убедлив пораз на Европското првенство од „Б“ дивизијата од екипата на Норвешка.

Норвешка подобра од македонските кошаркарки беше со 79:48. Комплетниот натпревар помина во знакот на Норвежанките.

Уште во првата четвртина тие беа во водство со 24:18, а подоцна предноста само се зголемуваше.

Најефикасна во нашите редови беше Јана Пишлевска со 11 поени, додека за Норвешка Ана Викстром постигна 22 поени.

To top