Кошарка

Тежок пораз на македонските кошаркарки во Белград

Тежок пораз на македонските кошаркарки во Белград

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во Белгрд од Србија, во петтото коло, во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Србија во салата „Александар Николиќ“ победи со 105:60. Србија со една нога зачекори на ЕП кое од 18. до 29. јуни оваа година ќе се игра во Германија, Италија, Грција и Чешка, додека Македонија го доѓивеа и петтиот пораз.

На крајот од третиот период Србија имаше предност од 25 поени, а последната четвртина ја добија со 31:11.

Најдобри кај Македонија беа Анџелика Митрашиновиќ со 17, Александра Стојановска со 16 поени и Мерит Хемпе и Илина Селчова со по десет поени. Србија со по 21 поен ја предводеа Ивон Андерсон (10 асистенции) и Јована Ногиќ.

 

To top