Македонскиот кошаркарски репрезентативец Тео Симиќ има нов клуб и продолжува во странство, затоа што потпиша договор со екипата на Баскет Прат од Шпанија.
Оваа екипа игра во втората лига на Шпанија и во новата сезона ќе се бори за влез во елитата.
Симиќ последната сезона ја мина во Борац од Бања Лука, а претходно младинскиот репрезентативец на Македонија настапуваше за У18-тимот на Барселона со кого играше и во Евролигата.
Младиот кошаркар има шест настапи за сениорскиот тим на Македонија.