Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Теодор Симиќ е нов член на составот на ТФТ.
Ова за овој кошаркар ќе биде прво искуство во најсилната домашна кошаркарска конкуренција со оглед на тоа што како тинејџер замина во Шпанија каде се задржа неколку години по што се пресели во Босна и Херцеговина каде преку Игокеа беше испратен во Борац Бања Лука.
По кратката авантура во Прат сега доаѓа во татковината и станува дел од амбциозниот проект на ТФТ. Тој сигурно ќе биде добро засилување под кошевите со оглед на тоа што скопскиот тим досега немаше класична петка во своите редови.
Дебито за новиот клуб ќе го име во понеделник на дуелот против Работнички.