Кошаркарот на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум изјави дека не може да дочека да почне финалната серија во битката со Далас за шампионскиот прстен.
„Возбудени сме и охрабрени. Би сакал да почнеме и порано“, изјави Тејтум на прес-конференција.
„Можевме да научиме многу од претходното финале. Сега се е поинаку. Минатиот пат не бевме подготвени. Животот не секогаш ви дава втора шанса, но ние добивме една. Ајде да се обидеме да ги сфатиме работите поедноставно. Уште една серија која мора да ја добиеме“, вели тој.