Кошарка

ТАЖНА ВЕСТ: МЗТ Скопје остана без голем работник и навивач, почина Марјан Михајловски

ТАЖНА ВЕСТ: МЗТ Скопје остана без голем работник и навивач, почина Марјан Михајловски

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје попладнево објави тажна вест за смртта на еден од 53-годишниот Марјан Михајловски кој работеше во клубот и беше еден од најпрепознатливите на навивачите.

Михајловски во последните десетина година директно учествуваше во работата на клубот и така даде голем придонес во освоените титули во тој период.

Уште од времето на поранешната држава е меѓу авангардата што прва ги поставува темелите на навивачкото движење во Македонија и пред се во Аеродром, каде што од прв до последен момент ѝ останува верен на својата најголема љубов. Покрај него израснаа многу генерации навивачи на МЗТ Скопје, а во тие кругови до крајот на животот остана можеби и најголема легенда“, стои во објавата на МЗТ.

To top