Кошаркарот на Макаби, Тамир Блат, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на првото коло од регуларниот дел од сезоната 2024/25 во Евролигата.
Плејмејкерот на израелскиот тим беше еден од најзначајните за триумфот над францускиот Лион-Вилербан (89:82), играјќи го својот најдобар натпревар во кариерата.
Дваесет и седумгодишниот Блат постави личен рекорд во поени (21) и асистенции (12) за само 29 минути на теренот.
Блат шутираше 4 од 5 за 2 поени, 4 од 4 за тројка и 1 од 1 од линијата за слободни фрлања. Тој, исто така, имаше и 2 скока и 1 украдена топка.
Поради воената состојба во Израел, Макаби натпреварите како домаќин ги игра во Белград.