Кошарка

Тага во КК Гостивар, клубот се простува од Ѓорѓи Божиноски

Тага во КК Гостивар, клубот се простува од Ѓорѓи Божиноски

Кошаркарскиот клуб Гостивар денеска информира за смртта на Ѓорѓи Божиноски – спортски директор, еден од основачите на клубот.

-Ѓорѓи беше човек кој остави длабока трага во спортот и во заедницата. Со својата посветеност, визија и огромна љубов кон клубот, тој беше еден од темелите врз кои се градеше нашата приказна. Неговиот труд, енергија и поддршка ќе останат засекогаш дел од историјата на клубот. Покрај спортот, Ѓорѓи беше почитуван и како долгогодишен директор во ЕСМ Гостивар, каде со својата работа и професионалност придонесе за развојот на институцијата и за доброто на градот. Ќе го паметиме како човек со големо срце, искрен пријател и вистински спортски работник, се простува клубот од Божиноски.

Од КК Гостивар изразија сочувство до семејството и сите кои го познаваа.

To top