Кошарка

Судиите едвај го напуштија теренот на белградската Арена (ВИДЕО)

Судиите едвај го напуштија теренот на белградската Арена (ВИДЕО)

Исклучително тензичен финиш имаше натпреварот меѓу Црвена Звезда и Жалгирис во рамките на 26. коло од кошаркарската Евролига.

Во центарот на вниманието беше судиската тројка која во последните минути донесе неколку контроверзни одлуки и тоа на штета на домашниот тим.

Тоа ги изнервира навивачите на Црвена Звезда кои и пред последниот звук на сирената, на теренот фрлаа предмети при што прекинот траеше една минута додека официјалниот спикер ги молеше присутните да се смират. Кулминација на незадоволството се случи по завршувањето на мечот.

 

To top