Израелскиот Макаби Тел Авив соопшти дека сите странски кошаркари одбиле да се вратат во Израел на натпреварите од домашната лига додека не се стабилизира ситуацијата во оваа земја зафатена од војна.
Платите на играчите на Макаби претходно беа намалени за 15 отсто, со ветување дека оваа сума ќе биде вратена по завршувањето на кризата во Израел, но тие не добија гаранции, а епилогот е одбивањето на странците да се вратат во Тел Авив. и играат натпревари од домашното првенство.