Кошарка Претквалификации за Евробаскет 2029

Стојановски: Ирска е поквалитетна од Азербејџан, но ние сме фаворити

Република Ирска на првиот дуел од групата загуби на гостувањето кај Луксембург 89:77.

Стојановски: Ирска е поквалитетна од Азербејџан, но ние сме фаворити

Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 18 часот во Даблин против Република Ирска го игра вториот натпревар од групата од претквалификациите за Евробаскет 2029. Нашиот национален тим на првиот дуел во четвртокот во Скопје со убедливи 87:49 го совлада Азербејџан.

– Ирска е поквалитетен противник од Азербејџан. Но, она што ние мораме да го сториме е да ја оправдаме фаворитската улога на терен. Најважно е да ја играме нашата игра, да покажеме 40 минути борба како против Азербејџан, ако го сториме тоа резултатот нема да изостане. Ова нека биде најава за уште подобри резултати во иднина. Јас сум убеден дека можеме да играме далеку поквалитетно, особено кога би биле комплетни со враќањето на Димитријевиќ и на Маслинко. Ме радува тоа што атмосферата е на највисоко ниво. Имаме добри услови за работа, што е предуслов и за добри резултати. Искрено, мислам дека не ни е местото во оваа група. Односно дека имаме многу поголем квалитет од нив, а тоа сакаме да го покажеме на терен. Да бидеме први во групата и да се пласираме во главните квалификации, и да играме со репрезентации кои се на нашето ниво, изјави капитенот Војдан Стојановски.

Република Ирска на првиот дуел од групата загуби на гостувањето кај Луксембург 89:77.

Натпреварот во Даблин се игра во Националната Арена, која има капацитет од 2.000 седишта. (МИА)

To top