Легендарниот НБА играч, Стеф Кари, кој нaстапува за Голден Стејт вориорс, ја разгледува можноста по завршувањето на играчката кариера да влезе во политиката.
Како еден од најдобрите стрелци во историјата на лигата, Кари ужива голема почит, па оттаму и размислувањата како натаму да ја искористи популарноста и влијанието врз општеството.
Оваа објава предизвика различни реакции, со воодушевување кај неговите навивачи, а политичките реакции беа поделени по партиска линија.
Се шпекулира дека доколку Кари одлучи да влезе во политиката, како близок пријател на поранешниот претседател Барак Обама, би го следел патот на Демократската партија.
Иако многумина ја охрабрија потенцијалната политичка кариера на Кари, прашањето е дали тој навистина е подготвен на таков чекор, со оглед на предизвиците и на одговорностите кои доаѓаат со политичкиот ангажман.