Кошаркарот на Црвена Звезда, Урош Плавшиќ, замина во Турција и до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во екипата на Бешикташ.
Информацијата ја потврди и турскиот гигант кој му посака добредојде на Плавшиќ, од кого очекува да биде солидно засилување за играта под кошевите.
Центарот не добиваше преголема минутажа во црвено-белиот дрес и досега забележа учинок од 5,2 поена и 2,7 скока во десет евролигашки натпревари.
Бешикташ се интересираше за неговите услуги во текот на минатото лето, па затоа се споменува и опција за целосен откуп на неговиот договор по истекот на тековната сезона