Во последниот денешен натпревар „орлите“ ѝ одржаа лекција по кошарка на Чешка и најавија дуел против Турција во следното коло, во натпревар кој ќе го даде победникот во оваа група.
Србите на овој меч победија со 82-60.
Аврамовиќ со 14 и Петрушев со 13 поени беа најрасположени кај Србија, додека Бохацик со 12 поени беше најпрецизен за Чешка.