Несреќниот настан и трагичната смрт на Дејан Милојевиќ емотивно ги поврза актуелниот шампион во АБА лигата Партизан и НБА тимот на Голден Стејт Вориорс каде Милојевиќ работеше како помошник на Стив Кер.
Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ вели дека тие како клуб ќе испратат покана до Голден Стејт да гостуваат во Белград и да одиграат еден натпревар во чест на починатиот Милојевиќ.
„Размислуваме да организираме натпревар помеѓу Партизан и Голден Стејт во чест на Дејан Милојевиќ во Белград. Сакаме да организираме натпревар на отворено како што направивме на Ташмајдан пред почетокот на оваа сезона. Тоа би било феноменално и за двата клуба. Ќе им упатиме покана, а подготвени сме да ги платиме на Голден Стејт трошоците за нивното пристигнување и престој во нашиот град. Тоа би бил термин во подготвителниот период. Дејан беше омилен во тој НБА тим, а непотребно е да се каже каква трага остави на нашиот клуб“, изјави претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ.